| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија најпривлечна за Македонците во февруари

Во Македонија бројот на туристи во февруари годинава бил 32.467 што е 9,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

turisti-turizam

Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 17,6, а бројот на странските за 4,9 проценти.

Зголемен е и бројот на ноќевањата за 16,2 процента, односно за 19,8 на домашните и за 13,9 отсто на странските или, евидентирани се вкупно 72.385.

Во периодот јануари – февруари 2016 година во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,9 отсто, кај домашните за 16, а кај странските 11 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 18,2 отсто, кај домашните туристи за 24,2, а кај странските за 13,8 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top