Наскоро во Дубаи треба да почне изградба на зграда која ќе биде повисока од „Бурџ Калифа,“ моментно највисоката зграда на светот.
– Изградбата ќе чини околу една милијарда долари, а зградата ќе биде „малку повисока“ од „Бурџ Калифа“ – најави претседателот на управниот одбор на „Емар“, Мохамед Алабар, претставувајќи ги деталите на проектот.
Тој истакна дека височината на зградата ќе биде објавена по завршување на изградбата, додавајќи дека планирано е тоа да се случи пред 2020 година, кога Дубаи ќе биде домаќин на светската изложба „Ворлд Експо“.
Зградата, која е дизајнирана од шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава Валс, ќе има повеќе видиковци, како и 18 до 20 спратови на кои ќе се наоѓаат, меѓу другото, ресторани и хотели. Зградата ќе биде тесна и „прицврстена“ за земјата со помош на силни кабли.
Саудиската компанија „Кингдом Холдинг“ истовремено планира во Џеда да изгради зграда која ќе ја надмине Бурџ Калифа и ќе биде висока повеќе од еден километар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.