| четврток, 6 декември 2018 |

Почина сопругата на легендарниот Том Џонс

Жената со која британскиот пејач Том Џонс (75), лејди Мелинда Роуз, беше во брак цели 59 години и која ја нарекуваше „љубовта на мојот живот“, почина во Лос Анџелес по кратка, но жестока битка со ракот.

Веста за смртта на Линда ја соопшти публицистот на пејачот и побара приватност за  Том и неговото семејство.

том

Мелинда Роуз починала во болницата Седарс Синаи во Лос Анџелес опкружена со своето семејство. Таа беше во брак со Том Џонс 59 години, а на пејачот му била голема инспирација. Се земале кога и обајцата биле тинејџери и пејачот често ја опишувал како „љубовта на мојот живот“, и покрај гласините за неговите неверства и аферите во текот на нивниот брак.
Веста за смртта на Мелинда доаѓа само една недела откако Том ја откажа свирката во Манила, Филипини, поради “сериозна болест во неговото потесно семејство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top