Синоќа во последниот натпревар од квалификациската група за Олимписките игри во Рио која се играше во Малме, Шведска, словенечката ракометна репрезентација со високата победа над Иран од 33-17 го завери пласманот на Олимпијадата.
Најзаслужен за големиот успех е селекторот Веселин Вујовиќ кој ја препороди репрезентацијата и сосема заслужено ја одведе на игрите во Рио.
Во соблекувалната во Малме по мечот со Иран и потоа во чартер летот за Љубљана, словенечките ракометари го славеа историскиот пласман на ЛОИ во Рио Де Жанеиро за сметка на европскиот вицешампион Шпанија, која по четири децении нема да игра Олимпијада.
По синоќешната потврда со победата против Иран, започна славјето и извикувањето на името на најзаслужниот за успехот, црногорскиот стручњак Веселин Вујовиќ.
Дури и Вујо беше целиот со славеничкото шампањско кое врз него го истурија ракометарите. По еуфоријата за тренерот во Македонија и Хрватска, на ред е Словенија.
Olimpijski pevski zbor Veselin Vujovič in slovenski rokometaši… 😉 #gremovrio @TeamSlovenia pic.twitter.com/Gsf2ZHhQZO
— Rokometna zveza SLO (@rzs_si) April 10, 2016
Kdo gre v Rio? SLOVENIJA!!!Who goes to Rio? SLOVENIA!!!#mislovenci#potvrio#rio2016
Posted by Gašper Marguč on Sunday, April 10, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.