Тројца од шестмината ранети мажи во вооружената пресметка во шведскиот град Малме им подлегнаа на повредите. Шведската полиција соопшти дека двајца мажи на возраст од 18 и 29 години за време на ноќта им подлегнале на повредите здобиени во пукотниците. Третиот маж кој бил на возраст од 30-тина години исто така починал. Уште тројца мажи се ранети во пукотниците кои се случија вчера вечер, од кои еден е во потешка здравствена состојба.
Очевидци велат дека мажите се ранети додека излегувале од едно интернет-кафе во југоисточниот дел на Малме. Шведските медиуми пишуваат дека пукотниците се слушнале во близина на полициска станица така што полицајците веднаш биле на местото на инцидентот. Засега нема уапсени поради поврзаност со пукотниците и оти полицајците се во потрага по едно темно возило. Според обвинителството, инцидентот нема „терористички предзнак“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.