Ракометната репрезентација на Шпанија не успеа да избори пласман на Олимписките Игри во Рио, откако заврши на третата позиција во групата со селекциите на Шведска и на Словенија. Предолимпискиот турнир се играше во Шведска, а искусниот пикер Хулен Агинагалде за дебаклот ја обвини и сопствената држава. Тој тврди дека „црвената фурија“ со гаранција ќе се пласирала на ОИ доколку турнирот го играше на домашен терен.
– За жал, се случуваат и такви работи, кога кај нас во Шпанија, секогаш економијата е приоритет пред спортот. Ова е ракомет и знаеме како одат работите. Кога сте домаќин, имате многу голема предност. Сепак, нема тоа да ни биде оправдание затоа што потфрливме на овој турнир. Ќе ги пропуштиме Олимписките Игри во Рио и за тоа ќе жалиме цел живот – изјави разочарано Агинагалде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.