| четврток, 6 декември 2018 |

Нови докази во корист на Адеми, дали УЕФА ќе ја поништи казната?

arijan-ademi-dinamo-zagreb

Уште во петокот вечерта стигнала добрата вест за нашиот репрезентативец и играч на Динамо Загреб, Аријан Адеми. Тренерот на хрватскиот шампион, Зоран Мамиќ му открил дека стигнале нови докази од една независна лабораторија, која му оди во прилог. Тоа значи дека сега работите се свртеа во корист на Адеми неколку дена пред седницата на Дисциплинската комисија на УЕФА, на која ќе се разгледува суспензијата од четири години која првично му беше изречена. Секако, доколку бидат земени во предвид резултатите од оваа лабораторија.

За што поточно се работи?

Во споменатата лабораторија е откриено дека суплементот „Мегамин“, кој е дозволен за употреба, бил „загаден“ со недозволениот „Станозолол“ уште пред Адеми да го користи. Овој додаток во исхраната во таква состојба е пуштен во слободна продажба.

Ако Дисциплинската комисија на УЕФА ги прифати резултатите на независната лабораторија, многу веројатно е казната на Адеми да биде намалена, па дури и целосно поништена. Се ќе биде познато до крајот на месецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top