Поранешниот припадник на американските специјални морнарски единици „Фока“, Роб О’Нил, за кого се тврди дека е убиецот на Осама бин Ладен, е уапсен во сојузината држава Монтана.
Како што се наведува, тој бил уапсен бидејќи возел под влијание на опијати.
– Во 2,20 одговорив на повик дека некој спие во возило на паркинг на еден драгстор. Го разбудивме и го идентификувавме како Роб О’Нил. Беше утврдено дека не бил трезен и одбил да дува во апаратот – изјави заменик-шерифот на таа област за „Си-ен-ен“.
О’Нил изјавил дека ја испил пропишаната доза лекови за спиење за да може да се избори со долготрајната несоница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.