| четврток, 6 декември 2018 |

Осама бин Ладен им објаснувал на џихадистите кога и како да мастурбираат (ФОТО)

osama2

Писмо во кое Осама бин Ладен на џихадистите им објаснува кога и како смеат да мастурбираат е објавено во јавност, јавува Форин полиси.Писмото било најдено по убиството на терористичкиот лидер во 2011 година, а од тогаш американските власти го класифицирале како тајна. Но, сега решиле да го објават. Во писмото, упатено до негов соработник од северна Африка, Бин Ладен објаснува дека џихадистите смеат да мастурбираат во екстремни услови, кога се одвоени од своите жени.

„Уште едно многу посебно и специјално нешто се однесува на проблемот на браќата кои се со вас во овој несреќен целибат и недостиг од достапноста на жени”, пишува Бин Ладен во писмото.

„Како што се гледа, ние немаме никакви забелешки во такви услови да се мастурбира, тоа се екстремни случаи”, објаснува терористот и додава дека нема сомнеж дека „браќата се во состојба на крајна нужда”.

osama bin laden masturbacija

Иако бил прилично решителен околу прашањето со мастурбацијата која не смее да се врши освен во екстремни услови, во пакистанското засолниште на Бин Ладен била најдена гоелма колекција порно филмови.

Сепак, американската влада сѐ уште несака да ги објави деталите за пронајдената порнографија.

„Поради природата на доказните материјали одлучено е тие да не се објавуваат”, се вели во одговорот на американската влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top