Синот на Осама бин Ладен ги повика џихадистите со терористички напади врз САД да ја одмаздат смртта на неговиот татко.
– Ги повикувам муслиманите да им се одмаздат на Американците, убијците на Шеикот, особено на оние кои учествуваа во тоа одвратно злосторство, порачал Хамза бин Ладен во аудио снимка објавена на каналите на Ал каеда.
Тој во својот говор го фали својот татко како „јунак на муслиманите низ целиот свет кој го сменил духот на џихадот“. Ги фалел и талибанците во Авганистан, но не ја спомнува Исламска држава, од која Ал каеда се раздели по борбата за превласт во 2014 година.
Хамза ги повикал муслиманите да ги „ослободат своите земји од крстоносните власти“ и да го воспостават шеријатскиот закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија