| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени домашните видеа на Осама бин Ладен

Американската разузнавачка агенција ЦИА вчера објави нов пакет на информации кои што агентите ги добиле од личниот компјутер на поранешниот лидер на терористичката организација Ал Каеда.

Податоците од личниот компјутер на Осама Бин Ладен, поранешниот лидер на Ал Каеда кој што беше ликвидиран во 2011-та година, и натаму ја интригираат светската јавност. Поради тоа, од ЦИА вчера објавија дека на неговиот компјутер биле пронајдени видеа, како и анимирани, холивудски, порнографски филмови и три документарни филмови за самиот него.

Освен филмовите, американските разузнавачи на компјутерот пронашле и видео на кое што бил забележан секојдневниот живот на семејството на Бин Ладен. На снимката можат да се видат неговите деца кои што уживаат во слободата, додека нивниот татко во тие моменти е најбараниот терорист на светот.
На видата може да се види и постар човек кој на неговите внуци им покажува како се пука со помош на детска пластична пушка. Следната сцена ги прикажува внуките на Осама Бин Ладен како се спуштаат низ тобоган.

На второто видео е прикажан „омилениот син” на Осама, Хамза Бин Ладен, а тоа се неговите први снимки откако порасна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top