Ѓумбирот и циметот не се единствените состојки во овие два рецепти, а богатството од вкусови ќе ве засити и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми. Една од состојките е и карито, меѓутоа, овој зачин не би требало да го консумираат бремени, лица со хепатитис или лица кои имаат проблеми со бубрези и варење.
1.РЕЦЕПТ:
Овој напиток консумирајте го наместо вечера и после тоа не смеете да јадете, но можете да пиете вода.
Потребни состојки:
500 мл вода
50 мл јогурт
3 мали лажички црн чај
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир во прав
1 лажичка мед
1 лажичка кари
Постапка:
Водата загрејте ја до степен на вриење. Тргнете од оган и додадете ги сите состојки без јогуртот. Кога водата ќе излади, процедете.
Во процедената течност додадете го јогуртот и промешајте.
2.РЕЦЕПТ
Овој напиток е најдобро да се консумира пред спиење.
Потребни состојки:
80 мл вода
170 мл млеко
1 мала лажичка ѓумбир во прав
1 лажичка цимет
1 лажичка кари
Постапка:
Во зовриена вода додадете ги зачините, а потоа и млекото. Мешајте додека да добиете хомогена смеса.
Извор: НМД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.