| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски: Одигравме катастрофално, утре е шансата за поправен

mirkulovski

Македонија беше непрепознатлива на стартот од предолимпискиот турнир во Гдањск. Загубивме потполно заслужено од Полска, а Филип Миркуловски признава дека тој одиграл катастрофално, како и поголемиот дел од соиграчите од националниот тим. Но, утре е денот за поправен испит. Триумф против Тунис би променил се.

– Изгоревме во желбата, кога беше најпотребно го одигравме најлошиот натпревар. Немам објаснување зошто, мора да се преспие бидејќи утре играме важен натпревар. Морам да ја поправам мојата игра која денеска беше катастрофална, но утре е нов ден и имаме шанса за поправен. Тунис одигра лабав натпревар и си ги сочува силите, победи лесно, на нас е да одиграме далеку подобро, да се сконцентрираме. Денеска самите се победивме, не ги искористивме и оние шанси што си ги создадовме, не одигравме на посакуваното ниво, не стануваше збор за некое изненадување од страна на противникот, туку фактот дека ние не одигравме онака како што знаеме и умееме – изјави Филип Миркуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top