| четврток, 6 декември 2018 |

Митревски: Полска е минато, утре ќе одиграме далеку подобро

nikola mitrevski

Никола Митревски не доби преголема минутажа на вечерашниот дуел против Полска, кој ракометарите на Македонија убедливо го загубија, но тоа што го покажа беше дека селекторот Ивица Обрван треба многу посериозно да смета на него на следните два дуели на предолимпискиот турнир во Гдањск.

Голманот на Бенфика одбрани неколку зицери, еден пенал, но и покрај добрата партија, сепак, не можеше да го спречи поразот.

– Морам да нагласам дека и судиите имаа свој удел во оваа проказна, им дозволија малку погруба игра, но тоа не е причина за поразот. Резултатот е превисок во однос на тоа што го одигравме. Почнавме лошо, во грч, но потоа заигравме многу подобро. За нас финалето на овој турнир е утре против Тунис. Мислам дека ќе се подготвиме подобро и же сториме сѐ за да победиме. Знаеме со што располага утрешниот противник. Подготвен сум за ударите на нивниот бомбардер Жалуз, но и за сите други од противничкиот тим – изјави Митревски по мечот.

Дуелот против Тунис ќе го одиграме утре со почеток во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top