| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Мора да ги поправиме грешките и да се фокусираме на утрешниот меч против Тунис

kire lazarov

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров потенцира дека нашиот национален тим мора да остане позитивен по овој пораз од Полска на стартот од квалификациите за ЛОИ затоа што утре не чека клучниот натпревар околу амбициите за Рио 2016.

– Не одигравме како што посакувавме и како што се договаравме. Но, и пред турнирот знаевме дека Полска е голем фаворит, посебно на домашен терен, а ние сега мора да останеме максимално позитивни затоа што утре не чека клучниот натпревар против Тунис. Верувам дека утре ќе биде далеку подобро – вели по мечот Лазаров, дополнувајќи дека мора да се корегираат и негативностите кои се демонстрираа на дуелот со Полјаците.

– Мора добро да се одмориме, и да анализираме некои негативности кои ги покажавме на денешниот меч. А, имаме за анализа, затоа што правевме и недозволени технички грешки, промашувавме зицери, не одигравме доволно квалитетно во моменти кога требаше. Што ќе рече, некако и сами им помогнавме на Полјаците да дојдат до победат. Но, нашата цел за пласман во Рио останува. И затоа утре мора да одиграме максимално добро. Постојат и некои калкулации околу крајната табела и околу гол разликата, но секако централната концентрација е максимална игра и победа против Тунис – додаде капитенот на македонската репрезентација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top