Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ја промовираше книгата „Македонските бои во славонската рамнина – траги на сеќавања“ од Јагода Тренеска – Цветичанин.
Книгата е посветена на 21-годишното делување на Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осијек, Република Хрватска. Целта на оваа монографија е да се прикаже историјата на активностите на Македонците во Осиек и да се остави трага во сеќавањето на идните генерации на Македонците во Хрватска, преку еден широк спектар на активности кои ги афирмираат македонскиот јазик, фолклор, традиција и култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.