На централниот плоштад „Скендер бег” во Приштина се одржа церемонијата на официјална инаугурација на Хашим Тачи за претседател на Косово.
Како што јави Танјуг, церемонијата започна со смотра на почесната единица на гардата на Косовските безбедносни сили, што ја извршија Тачи и досегашната претседателка на Косово, Атифете Јахјага. По завршената смотра церемонијата продолжи со чинот на предавање на примерок на Уставот на Косово од претходната претседателка Јахјага на новиот претседател Тачи.
Целата церемонија на инаугурацијата покрај на албански, беше преведувана и на српски и на англиски јазик.
Во рамки на церемонијата, на која присуствуваа гости од околу 50 земји од целиот свет, посебна музичка програма изведе Косовската филхармонија.
Меѓу гостите на церемонијата беа и шефот на делегацијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и албанскиот премиер Еди Рама.
Церемонијата мина со засилено полициско обезбедување и без присуство на граѓани. Сите угостителски објекти околу плоштадот, кои вообичаено се полни во овој период од денот, беа целосно празни, поради безбедносни причини.
Но, и покрај засиленото полициско присуство и речиси целосната блокада на реонот, непосредно пред почетокот на инаугуарцијата во близина на плоштадот „Скендер бег” беа фрлени два солзавци.
Тачи ден претходно положи заклетва пред косовскиот Парламент, со што официјално започна да тече неговиот мандат како претседател на Косово.
Инаку, во пресрет на почетокот на мандатот на новиот косовски претседател лидерот на Српската листа, Славко Симиќ изјави дека коалицијата на партиите на косовските Срби очекува новиот претседател на Косово, Хашим Тачи да биде „претседател на мирот”.
– Прво од господинот Тачи очекуваме да биде претседател на мирот, стабилноста и соработката во нашето општество. Треба да кажам дека досегашната претседателка Атифете Јахјага, беше најнезависна инстанца во Косово, кон која секогаш се обраќавме за да го решиме политичкиот вакуум и да биде посредник меѓу власта и опозицијата, изјавил Симиќ за приштинскиот весник „Експрес”,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба