| четврток, 6 декември 2018 |

Новите возови не се за вандали!

По само два месеца сообраќање возовите со скршени стакла, изгребани се однадвор, но и внатре, дел од заштитните пластики се скршени, а некому му било здодевно за време на удобното возење, па се забавувал со сечење и горење седиштата.

voz-prilep

Дел од оштетувањата се веќе санирани, а директорот на Железници – Транспорт, Никол Костов, апелира веднаш да се сопре уништувањето на возовите, пренесува „Канал 5“.

Организирана и информирана група, пак, според дежурните во железница, поставува камења на самата железничка пруга, со што ја доведува во прашање безбедноста на патниците. Чудо и луда среќа е што нема исфрлени возови од пруга.

ina

Пред неколку дена машиновозач забележал камења и почнал да сопира. Во незгодата бил скршен дел од машината, дефект, кој железници ја чини 60 илјади евра.

mia

Во апелите за зачувување на возовите се вклучија и некои познати лица, кои преку статуси на соцјалните мрежи ги повикуваат сите неразумни да се вразумат, зашто возовите се засите нас

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top