| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите – единствениот излез од политичката криза – ВМРО-ДПМНЕ ја потврди државотворностa

Д-р Бона Лазар Бајрактарова, универзитетски професор

д-р Бона Лазар Бајрактарова, универзитетски професор

Изборите се единствениот излез од политичката криза, а со последниот акт – распуштањето на Собранието, како потврда на договореното/изгласаното од парламентот – ИЗБОРИ на 5 јуни – ВМРО-ДПМНЕ ја потврди својата сериозност, конзистентност на ставовите; Државотворностa своја – како политичка партија. Партија, која не случајно, довербата од народот (мнозинството) ја добива повеќе пати, по ред. Настрана опозициските /стратегиски/ манипулации!

ВМРО-ДПМНЕ (и лидерот Никола Груевски) направи компромиси, неколку пати до сега. Некои и на сопствен ризик, на незадоволство на своите гласачи. Но, пристапот им беше КОНСТРУКТИВЕН! И, сега, со последниот акт (распуштањето на Собранието) – покажа, дека, толеранцијата на туѓите (партиски/опозициски) хирови има – мора да има (пристојна) граница! Ако, се мисли на државата и граѓаните. Со одлучноста (конструктивно соработуваа со Европските претставници, г. Хан, г. Ораф…), покажаа дека Македонија е држава со своја автохтона политика! Како одраз – на сопствениот суверенитет; впрочем, како и секоја друга земја која стои /пред сè/ зад своите интереси.

Скоро втора година државата ја “потресува КРИЗАТА” прогласена во пет до 19 часот, на 27 април 2014! Кога, Заев и актуелното раководство на СДСМ видоа, дека лажната предизборна еуфорија што ја негуваа – навистина била лажна, свесно поддржувана! Од нив-лично! Ја започнаа “кризата” свесно, без да помислат за последиците врз народот и државата (независно дали разорната идеја беше “автохтона”), иако лидерот, нивни, Заев, јавно и искрено призна (на ТВ 24 Вести) дека изборите (2014) секако ќе ги изгубеле! (само разликата ќе била помала???) Доволен ДОКАЗ кој елиминира секаква понатамошна расправа за оправданоста на сите глупости што ни ги приредија/ предизвикаа во државата! Сериозна, политичка партија со вистински, државотворен капацитет (сега и самите престанаа да си го доделуваат овој комплимент), не се однесува така – НЕОДГОВОРНО! СДСМ сакаше, бараше предвремени избори, ама СЕГА – НЕ САКА! Ви изгледа ли ова сериозно? Не, како што не се сериозни и причините на кои постојанно се повикуваат!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top