| четврток, 6 декември 2018 |

Пад од три места, сега Македонија е на 141.место на ФИФА ранг-листата

makedonija reprezentacija

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на катастрофалното 141.место на листата на ФИФА. „Црвено-жолтите“ забележаа пад од три позиции во однос на минатото рангирање по поразите од Словенија (1-0) и Бугарија (0-2) на пријателските натпревари во Копер и во Скопје. За жал, веќе стана реалност на оваа листа пред нас да се фудбалски селекции како Зимбабве, Бурунди, Свазиленд, Гвинеа – Бисау…

Дојде до промена и на врвот на листата на ФИФА. Од овој месец најдоброрангирана фудбалска репрезентација е Аргентина, пред Белгија, а на третото место е селекцијата на Чиле. Во Топ 10 се наоѓаат уште и Колумбија, Германија, Шпанија, Бразил, Португалија, Уругвај и Англија.

Од селекциите што се во нашата група за СП 2018 година, Шпанците се шестопласирани, Италија е рангирана на 15.позиција, Албанија се наоѓа на 45.место, Израел е 76., додека Лихтенштајн е најслаборангиран (173).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top