| четврток, 6 декември 2018 |

Светскиот ден на здравјето посветен на борба против дијабетесот

Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април, заедно со денот на основањето на Светската здравствена организација – СЗО.

svetskiot-den-na-zdravjeto-posveten-na-borba-protiv-dijabetesot_image1-1024x512

СЗО секоја година избира еден светски здравствен проблем и на тој ден организира меѓународни, регионални и локални манифестации, со цел да се истакне значењето на избраниот глобален здравствен проблем. Оваа година, Светскиот ден на здравјето се одбележува под слоганот: „Остани супер! Победи го дијабетесот“.

Темата е одбрана бидејќи сè повеќе луѓе заболуваат од дијабетес како последица од прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, вклучувајќи ги и децата. Годинашната кампања првенствено се однесува на земјите со среден и слаб финансиски развој, со цел да овозможи ефективни и достапни активности за борба против дијабетесот.

Дијабетес или шеќерна болест, е хронично системско нарушување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, односно трајно зголемување на нивото на гликоза во крвта. Постојат два главни форми на дијабетес. Луѓето со дијабет тип 1 обично не произведуваат своj инсулин хормон и затоа користат инсулински инјекции за да преживеат. Луѓето со дијабет тип 2, кој се наоѓа кај околу 90 отсто од случаите, обично произведуваат свој инсулин, но не е доволно неговото количество или не се во состојба да го користат правилно.

Начелата за подобрување на оваа состојба, според СЗО вклучуваат: здрава храна и намалување на шеќер во исхраната, постојана физичка активност, проверка доколку постои сомневање дека лицето има дијабетес (симптомите вклучуваат зголемена жед, глад, губење на тежина, замор и заматен вид), контролирање на состојбата со медицински третмани и избегнување штетни навики како пушење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top