Вкупно 316 граѓани добија бесплатни прегледи од страна на медицинските екипи на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје на пункт поставен на плоштадот „Македонија“ во рамки на акцијата „Здравје за сите“ и одбележувањето на Светскиот ден на здравјето.
ЈЗУ Здравствен дом – Скопје соопшти дека превентивните прегледи кои се спроведуваат според програмските активности на Министерството за здравство имаат за цел на поголем број граѓани да им се овозможи да добијат бесплатни превентивни прегледи – проверка на крвен притисок, шеќер во крв, холестерол, тежина, висина и да добијат совети за заштита и грижа за нивното здравје, имајќи ги предвид резултатите кои ќе ги добијат од анализите.
Здравствен дом – Скопје во текот на викендот организираше акција за превентивни прегледи и во село Љубанци, каде што беа прегледани 60 лица.
Медициски екипи од ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, на 21 март во ТЦ „Лептокарија“ и во паркот Чаир прегледаа 151 лице. На 22 март, кај општина Бутел, на поставен пункт беа прегледани 200 лица, а на 23 март во Ново Лисиче беа прегледани 202 лица.
Превентивните прегледи, покрај откривање на факторите на ризик имаат за цел и едукација на населенето за навремена контрола на сопственото здравје како битен фактор за зачувување на здравјето, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.