Под мотото „За безбедна храна, од нива до трпеза” денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето – 7 Април. Македонското лекарско друштво (МЛД) по тој повод денеска организира настан на кој ќе биде одржано предавање за безбедноста на храната.
Целта на кампањата на Светската здравствена организација (СЗО) е да се подигне свеста на граѓаните за подобра безбедност на храната, како и препораки на владите, јавно-здравствените авторитети, заедниците и поединците да преземаат навремени акции за превенција на приближно 200 заболувања кои се јавуваат како резултат на загадена храна со бактерии и вируси, паразити, хемиски супстанци и друго.
Болестите поврзани со загадена храна со бактерии би можеле да се превенираат со примена на пет клуча за побезбедна храна и тоа со одржување на хигиената, со одделување на сировата од подготвената храна, со темелно подготвување на храната, нејзино чување на безбедни температури и користење безбедна вода и свежи продукти, потенцираат од СЗО.
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето денеска во Скопје, МЛД свечен собир, на кој, меѓу другото, доц. д-р Гордана Ристовска од Институтот за јавно здравје ќе одржи предавање „Колку е безбедна Вашата храна“. Се очекува обраќање на претседателот на МЛД Горан Димитров и на министерот за здравство Никола Тодоров. Истовремено МЛД ќе одбележи 70 години од основањето.
Граѓаните на Македонија јадат безбедна храна, тврдат надлежните. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски вчера на прес-конференција во Институтот за јавно здравје со поддршка на СЗО рече дека храната во Македонија се контролира во секој сегмент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.