| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Силно го посакувам златото од Рио

djokovic

Најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ, вели дека најголема круна за неговата кариера би било злато на Олимписките игри во Рио. Ѓоковиќ и на почетокот од 2016 доминира на тениските терени како што тоа беше случај во целата 2015, па покрај Ролан Гарос како единствен гранслем трофеј што му недостига, Србинот ги посочи Олимписките Игри за свој приоритет.

– Сон ми е, а воедно и една од најголемите инспирации во кариерата да освојам злато на ОИ. Да бидеш со различни спортисти од целиот свет и да се дружиш со нив е уникатно искуство. Се радувам за Рио и едвај чекам да започнат Олимписките игри – вели тенисерот.

За комплетирање на четирите трофеи од тековната сезона од Гренслем турнирите, на Ѓоковиќ му недостига уште трофеј од Ролан Гарос за кој ќе се подготвува на турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим.

– Се надевам дека оваа година ќе ја завршам со титула во Париз. Тоа ми е една од целите секоја година. Ќе видиме што ќе се случи. Физички сум подготвен, но има време за да се подготвам за Ролан Гарос – истакна тенисерот кој ОИ во Лондон ги заврши на четвртото место, а четири години претходно во Пекинг ја освои бронзата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top