| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Овие квалификации се историски за нашата нација

kire lazarov

Капитенот Кире Лазаров е голем оптимист, решен втората шанса на оваа генерација да заигра на едни Олимписки Игри да биде искористена, па „црвено-жолтите“ в недела да го прослават историскиот успех на македонскиот спорт. Тој уште еднаш потенцираше дека базата мора да биде репрезентацијата, наспроти ситните интереси што одредени клубови ги искажуваа, особено во последните денови.

– Долго време играме за оваа репрезентација, голем дел од оваа селекција, сакам да кажам една работа што е многу важна. Секогаш националната селекција е базата, почит кон сите ракометни клубови кои функционираат многу добро на европско ниво, но базата на ракометот секогаш треба да биде репрезентацијата. Затоа што ние го почнавме тој пат, најпрвин се мачевме да дојдеме до едно големо натпреварување. За мене овие квалификации се државен интерес, Македонија е пред се, така треба и да биде, ние гордо сакаме да ја претставиме нашата земја на едни Олимписки Игри. Атмосферата е одлична, сите овој предизвик го имаме сфатено многу сериозно, како никогаш сериозно, како никогаш досега квалитетни, амбициозни, со голема желба што поскоро да почнат овие натпревари и се надевам на позитиве исход и заедно со вас в недела да се радуваме на најголемиот успех во историјата на спортот во оваа држава – истакна Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top