Денеска, 6 април, со почеток во 12:00 часот, во просториите на ОСТЕН ќе биде отворена самостјна изложба на карикатури од Недељко Убовиќ…
На изложбата со интересен наслов “Итд…” ќе бидат претставени 32 карикатури на Недељко Убовиќ, кои ги допираат темите на глобализација, социјална правда, екологија и итн…Недељко Убовиќ, Србија, професионално се занимава со карикатура, анимиран филм и илустрација веќе 30 години. Има работено за најпознатите весници, списанија, како и ТВ емисии во бивша Југославија. Како уредник во “Младинска печатница”, а потоа и во “Борба”, ги има објавено првите дела. Оттогаш, има објавено повеќе од 10.000 карикатури и други прилози.
Недељко е исто така автор на околу 70 анимирани филмови, со кои учествувал на реномирани светски фестивали за анимиран филм. Бил добитник на многу награди и признанија за карикатура и анимиран филм, од локално до интернационално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.