| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба под наслов “Наречи ме љубов” во Чифте амам

По повод април, месец на лица со аутизам, денес (среда 6.04.2016 год) во 15 часот, во Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов “Наречи ме љубов”.

Изложбата беше реализирана во соработка со здружението ,,Во МОЈОТ СВЕТ,, ПОУ Д-р Златан Сремец- Скопје, Центарот за аутизам и Асоцијацијата ,,Ластовица,, во кои учество земаа повеќе од 50 тина дечиња со аутизам.

Во таа насока беа реализирани неколку ликовни работилници,а малите уметници насликаа преубави уметнички творби.

Изложбата ќе биде отворена 10 дена за посетителите. Идеата е подигнување на јавната свест и зголемување на одговорноста кон овие лица, како и нивна инклузија во сите сегменти на нашето живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top