| четврток, 6 декември 2018 |

Тихомир Јанчовски ја промовира „Игла и конец“ во Кавадарци

В четврток, на 7 април со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе се одржи промоција на новата книга поезија на Тихомир Јанчовски од Скопје, насловена како „Игла и конец“.

66eb14a5-bffa-48e7-9884-f1ca6cabcddf

Промотор на книгата е Добрила Грашеска. Поезија ќе читаат: Мери Каровска, Зоран Тортевски, Добрила Грашеска и Тихомир Јанчовски.

Во музичкиот дел на вечерта учествуваат: Добрила Грашеска (Calgija Saund Sistem), Зоран Тортевски (Harmosini), Данаил Данаилов (Harmosini) и Тихомир Јанчовски (Од збор до збор).

Промоцијата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, Градска библиотека „Феткин“ Кавадарци и локална самоуправа на Општина Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top