Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, е отворена изложба на графики од ликовниот уметник Андријана Мациев, член на ДЛУМ.
-Таа досега има повеќе самостојни и групни изложби. Учествува во колонии и други манифестации во и надвор од земјата. Добитник е на повеке награди. На изложбата во Кавадарци под наслов „Живот во бои“, се претставува со триесетина графики, со што само ја потврдува својата определба. Нејзиниот графички израз е силно звучен и со чист опсег. Такви се и делата од новата фаза на творење на оваа македонска ликовна уметничка, рече нејзиниот колега, ликовниот уметник Горан Боев од Кавадарци.
Покрај Боев, на изложбата во Кавадарци, за биографијата на Мациев говореше актерот Александар Малинков. Тој меѓу другото ги потенцираше изработката на рачна хартија од Мациева и сликањето со вино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.