Пред 24 години, на 5 април 1992 година на сараевскиото мост Врбања со куршум од снајпер беа убиени Суада Дилберовиќ и Олга Сучиќ, првите жртви на војната во Босна и Хергеговина.
Суада Дилберовиќ беше студентка на медицина на Сараевскиот универзитет со потекло од Дубровник, а Олга Сучиќ беше службеничка од Сараево.
Загинаа во мирните демонстрации кога во 1992 година заедно со останатите граѓани се обидоа да го запрат злото кое се надвисна над Сараево, пренесува „Фена“.
Дилберовиќ загина на тогашниот мост Врбањa кога снајперисти почнаа да пукаат на народот на 5 април 1992 година кој бараше од силите на босанските Срби да ги тргнат барикадите и да се повлечат. На истото место е убиена и Олга Сучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.