| четврток, 6 декември 2018 |

ЛГБТ заедницата во Шпанија со подршка за Роналдо, поднесе тужба против Барселона

real madrid

Институтот за ЛГБТ во Шпанија поднесе тужба против Барселона и непознати лица поради навредите кон Кристијано Роналдо за време на минутата молк во чест на Јохан Кројф на саботното Ел Класико.

Португалецот беше навредуван од повеќе страни на стадионот и тоа за сметка на неговата сексуална определеност, а извиците ги изнервираа дури и навивачите на Барселона бидејќи беа скандирани за време на почитта кон клупската легенда.

– Вакво однесување и навредување е казниво по закон од 2007 година. Фудбалерите и судиите често се цел на хомофобни испади и никој не е казнет поради тоа. Таквата практика на игнорирање на проблемите треба да престане – изјави претставникот на ЛГБТ заедницата во Шпанија, Франсиско Рамирез.

Одамна е познато дека Кристијано Роналдо е е миленик на ЛГБТ заедницата во Шпанија која го прогласи Португалецот за најсексипилен спортист во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top