Мрежата опозициски невладини организации кои отвораат ограноци во соседните држави работи на компромитирање на Македонија во соседството предупредуваат хрватските медиуми. Интересот на опозицијата поддршка од некои амбасади во земјата, пишува Директно.хр, е да се собори од власта ВМРО ДПМНЕ за да може да се смени името на земјата, проблем што се провлекува уште од 1913 година, од поделбата на Македонија меѓу Србија, Грција и Бугарија, но и со создавањето на Голема Албанија. Со појавата на суверена Македонија, интересите кои 26 години го корумпираат дел од македонскиот политички естаблишмент се загрозени.
Во целата политичка криза, коментира хрватскиот портал, видливо е дека амбасадите ја спонзорираат опозицијата да ја преземе власта во Македонија преку парламентот, а ако не им успее тоа, да предизвика нови избори. Медиумите пренесуваат за протести и контрапротести, парламентарни бојкоти, техничка влада во која сега има опозициски министри, но информираат и за фактот зошто се одложуваат изборите.
Сево ова е проследено од интензивни напори да не се урне рејтингот на ВМРО ДПМНЕ. Но, независните истражувања укажуваат на неколку важни појави:
Прво, истражувањето на Галуп покажува дека речиси целото македонско бирачко тело не е наклонето на мешањето на странските амбасадори во внатрешната политика на земјата, но и тоа дека таквото делување воопшто не му е важно при донесувањето на одлуката за која партија ќе гласа.
Втора важна појава, која одговара на прашањето зошто власта се согласи за предвремени избори, е образложена во истражувањето на ИРИ, а тоа е забетонираната сигурност на власта по новите избори. Имено, трите последни истражувања на јавното мислење кои се спроведени во последните 6 месеци покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ и понатаму има многу стабилна поддршка. Односот на рејтингот, според тие истражувања, на ВМРО наспрема СДСМ изнесува 2.5:1, додека односот на рејтингот на популарност на лидерите Груевски и Заев изнесува 3:1.
Сето ова, заклучува Директно.хр, СДСМ ги користи медиумите во регионот, невладините организации, некои интереси на соседните држави и дел од странските амбасадори за да ги пролонгира изборите кои ги предизвикаа тие самите со помош на истите инструменти. Ваката ситуација, според тоа можно сценарио, би можела да им одговара, зашто сега, без избори, се наоѓаат во позиција да учествуваат во техничката влада. Какви било избори би можеле да ги лишат од политичкиот леб без мотика што си го обезбедија со манипулации.
На крајот, Македонија наскоро ќе мора да излезе на избори, зашто ниту на големите сили веќе не може да им биде во интерес контролираното безвластие во земјата. Контролираната нестабилност може да им импонира на некои дипломати кои со два телефонски повици им покажуваат на своите пријатели дека владеат во некоја земја сè додека не згусти. Бегалската криза и кризата во снабдувањето со енергенси бараат политичка легитимација на актерите во јавните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.