| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на романот „Доилката“ од Лилјана Пандева во библиотеката „Браќа Миладиновци“

Промоцијата на новиот роман на македонската писателка Лилјана Пандева, „Доилката“, ќе се одржи на 5 април (вторник) во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 19 часот.

За делото ќе зборуваат професорите Кристина Николовска и Ермис Лафазановски.

Романот е во издание на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

– Во романот се раскажува една вонвременска љубовна приказна сместена во историски рамки, која ни открива непознати детали од македонската историја (40 денови од потрагата по кралот Пребонд). Тоа е возбудлива книга, полнокрвна, поетична, со прозрачни лирски пасажи, јазично слоевита и со нагласена драмска тензија, која длабоко нурнува во просторите на писателовата имагинација. Со романот „Доилката“, кој слободно може да се нарече химна на љубовта и на страста, Пандева веќе е врвот на македонското раскажувачко мајсторство – вели издавачот.

Според Лафазановски, историските факти за последните денови од животот на Пребонд, кралот на средновековната држава Македонска Славинија ѝ послужиле на Лилјана Пандева како подлога за градење една величествена љубовна приказна полна со напнати страсти, еротски набој и со прекрасни наративни пејзажи.

Кристина Николовска смета дека се работи за вонсериски роман, за морничава и за нежна вонвременска приказна за љубовта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top