| четврток, 6 декември 2018 |

„Есмералда“ на 7 април на сцената на МОБ

Ансамблот на балетот на Македонската oпера и балет, ќе го прикаже бисерот на балетската уметност, претставата „Есмералда“, работена според романот „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од Виктор Иго.

Предвидено е„Есмералда“ да се одигра во четврток, 7 април, со почеток во 20 часот.

Во улогата на Есмералда ќе настапи примабалерината Александра Мијалкова, додека во улогата на Феб, првенецот Васил Чичијашвили. Во другите улоги ќе ги видиме, Флер де Лис: Наташа Јосифовска /Квазимодо: Јан Кисилев /Клод Фроло: Драган Кочоски/ Гудула: Марија Јосифовска Ристовска/ Циганка: Саша Евтимова

Кореограф е гостинот од Русија, Михаил Крапивин.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top