Фокусот на македонската ракометна јавност е кон предолимпискиот турнир што претстојниот викенд ќе се игра во Гдањск, но Европската Ракометна Федерација во меѓувреме го закажа и ждребот на квалификациските групи за ЕП 2018 што ќе се одржи во Хрватска. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 14 април во Дубровник, а нашиот национален тим се наоѓа во вториот шешир.
Желбата сигурно ќе биде да се избегне Франција, на која редовно налетуваме во последно време, како најдобра опција од носителите се чини Исланд или пак Шведска. Покрај Македонија, дел од вториот барабан (селекции со кои не можеме да се сретнеме) се репрезентациите на Русија, Норвешка, Унгарија, Словенија, Белорусија и на Австрија.
Првите две квалификациски кола ќе се играат на 2 и на 6 ноември 2016, третата и четвртата рунда се закажани за 3 и 7 мај 2017, додека последните две кола од овој квалификациски циклус ќе се играат на 14 и на 18 јуни 2017 година.
Пласман на ЕП ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од секоја група.
БАРАБАН 1: Франција, Шпанија, Данска, Полска, Германија, Шведска, Исланд.
БАРАБАН 2: МАКЕДОНИЈА, Русија, Норвешка, Унгарија, Словенија, Белорусија, Австрија.
БАРАБАН 3: Србија, Чешка, Црна Гора, БиХ, Холандија, Португалија, Литванија.
БАРАБАН 4: Словачка, Латвија, Украина, Швајцарија, Израел/Романија, Турција/Белгија, Финска/Луксембург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.