| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на меѓународно научно списание во НУУБ „Св. Климет Охридски“-Битола

Меѓународното научно списание „Journal of Liberty and International Affairs“ (www.e-jlia.com), ќе биде промовирано на  5-ти април 2016 година (вторник) со почеток во 18.00 часот во просториите на НУ
Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола.
Организатори на промоцијата се НУУБ “Св. Климент Охридски” – Битола и Институтот за истражување и европски студии – Битола.
Journal of Liberty and International Affairs е меѓународно рецензирано научно списание, кое излегува три пати во годината, според Liberty Essays, а со тенденција за детално проучувањето на слободата и меѓународните односи во сите нивни аспекти.
Издавач на списанието е Институтот за истражување и европски студии од Битола и гравитира во областите на политичките науки, меѓународното право и меѓународните односи.
Покрај трудовите кои што произлегуваат од главниот фокус на списанието, секој број вклучува и тематски блок како начин за реализација на примарната функција на списанието и можност за адресирање на комплексните и деликатни прашања поврзани со слободата и меѓународните односи на еден концентриран начин.
Во списанието, покрај публикувањето на оригинални научни трудови се публикуваат и прегледни и стручни трудови, слободарски есеи (Liberty Essays), како и рецензии на книги и филмови.
Во контекст на уредувачката струкура, научното списание вклучува и меѓународен програмски и советодавен комитет во кој партиципираат 35 научници од 28 држави ширум светот, кои даваат посебен придонес во квалитетот и меѓународниот карактер на списанието. Додека пак, поради поголема видливост на списанието и трудовите објавени во него, тоа е индексирано во бројни референтни меѓународни бази на научни списанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top