| четврток, 6 декември 2018 |

На 27 април МОБ најавува премиера на балетот „Црвена соба“

Воедно, Македонската опера и балет на публиката ѝ ја најавува премиерната изведба на балетската претстава „Црвена соба„ која ќе се одржи на 27 април со почеток во 20 часот, а во која ќе настапат сите првенци на балетот при МОБ. Костимограф и кореограф на балетската претстава „Црвена соба“ се добро познатите Александар Ношпал односно Игор Киров, кои на македонската публика ќе ѝ се претстават во едно ново руво по големиот успех со балетот „14 часа“. Либретото за балетот го напиша Сашо Димовски, а сценографијата е на Марија Ветеровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top