| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Холокаустот врз Ромите и Синтите и денешниот расизам во Европа“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Амбасадoрката на СР Германија во Скопје, Н.Е. госпоѓа Кристине Алтхаузер утре ќе ја отвори изложбата „Холокаустот врз Ромите и Синтите и денешниот расизам во Европа“.

Изложбата ќе биде поставена во фоајето на НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, а свеченото отворање ќе се случи во 12.30 часот, по што следува прием.

-Со право опасностите на антисемитизмот кој е во пораст сѐ повеќе се посочуваат на меѓународен план. Но наспроти тоа, загрижувачкиот пораст на расистичкото насилство кон Синтите и Ромите, најголемото малцинство во Европа, одамна не наидува на потребното внимание во политиката и јавноста. Од тие причини, од ова место упатувам апел до владините претставници одлучно да му се спротивстават на расизмот кон Синтите и Ромите.
Само тогаш кога државите на Европа ќе ги прифатат своите национални малцинства на Синти и Роми како дел од сопственото општество и сопствената историја, визијата за постоење на една европска куќа ќе може да стане реалност, рече Романи Розе, Претседател на Централниот совет на германските Синти и Роми, на 27 јануари 2005 година во неговото обраќање по повод 60 годишнината од ослободувањето од Аушвиц-Биркенау.

Организацијата МИР во соработка со Форумот Цивилна мировна служба и со финансиска поддршка на Фондацијата ЕФЦ („Сеќавање, одговорност, иднина“) одржува работилници за млади Роми, на кои тие се бават со темата на изложбата. Впечатоците и резултатите од овие работилници ќе бидат претставени за време на отворањето на изложбата.
Почесен гостин е Министерот без портфолио, господин Неџет Мустафа, а музичка придружба ќе биде изведена од ромски џез клуб.
Изложбата беше реализирана од Центарот за документација и култура на германските Синти и Роми (Хајделберг) во соработка со многубројни национални ромски организации во Европа. Таа го документира национал-социјалистичкиот геноцид врз Синтите и Ромите и тоа почнувајќи од нивната маргинализација и одземањето на нивните права во национал-социјалистичка Германија, па сè до нивното систематско уништување во окупираната Европа. Последниот дел од изложбата се однесува на актуелниот расизам против Синтите и Ромите.
На изложбата ќе има претставници од Централниот совет на германските Синти и Рома од Хајделберг и од Фондацијата ЕФЦ од Берлин.
Изложбата ќе биде достапна за јавноста од 06 до 16 април 2016. Работното време на НУБ „Свети Климент Охридски Скопје“ е од понеделник до сабота: од 10:00 часот до 18:00 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top