| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ го освои Мајами и стана најплатениот тенисер на сите времиња

Новак Ѓоковиќ е освојувач на трофејот на Мастерс – турнирот во Мајами, откако во финалето го совлада јапонскиот тенисер Кеи Нишикори со 2-0 (6-3, 6-3) во сетови.

Ѓоковиќ со триумфот на овој турнир освои нешто повеќе од еден милион долари и стана тенисер што инкасирал најмногу во историјата на овој спорт, повеќе од 98 милиони американски долари, надминувајќи го Роџер Федерер.

Ова е 28. Мастерс – титула за Србинот во кариерата, со што го надмина Рафаел Надал, кој засега е на 27. За Србинот тоа е и шести триумф на Мастерсот во Мајами, со што се израмни со легендарниот Андре Агаси.

Во првиот сет и двајцата тенисери често го губеа сервисот. Почна Ѓоковиќ на стартот, но на крајот сепак направи еден брејк повеќе (вкупно три) и го доби сетот со 6-3. Во вториот сет, исто така направи брејк уште на почетокот и потоа рутински го приведе мечот до крај, за нова Мастерс – титула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top