| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ги победи Загреб, Хрватите на трибините и неправдата

Во петокот по триумфот над Загреб во полуфиналето на СЕХА лигата станаа единствен тим што четирипати ќе игра финале. Противник ќе биде Веспрем, но Вардар покажа дека не се плаши ниту од фаворити, ниту од домаќини, ако има нормални услови за игра. А тоа го немаше на последниот дуел со Загреб. Прашање е дали судиите од Словачка беа дораснати да бидат дел од полуфиналето, и дали тие „свиреа по нечии ноти“, или пак „толку знаат“.

rk-vardar-zagreb-640x429

Вардар веќе е прифатен како европски бренд во ракометот и прашање е само кога ќе се накити со сјајот на највредниот пехар. Ако загубите од противникот затоа што е поквалитетен или поснаодлив тогаш нема грев, затоа што така и треба да функционира спортот, надмоќниот да надвладее. Меѓутоа, неретко се случувало наместо законите на спортот победа да донесат непознатите лавиринти на судиското расудување. Тоа е недозволиво! Со тоа не се наштетува само на еден Вардар, или на група клубови, туку така губи самиот спорт.

rk-vardar-zagreb1-640x459

Правилата во ракометот се такви што оставаат простор во кој судиите имаат дискреционо право да пресудат вака или онака и тоа никако не смее да се злоупотребува. Ако победи свирчето наместо топката, тогаш се обезвреднува секоја капка пот мачно пролеана на тренинг, секоја минута помината во сала, наместо со своето семејство, но што е уште потрагично се обесхрабрува секое дете кое е можеби потенцијален спортски амбасадор на нашата земја. Младите таленти треба да продолжат да веруваат дека напорната работа се исплаќа, а не да се учат дека победите и трофеите доаѓаат по заобиколен пат.

dejan-manaskov-640x429

Ако нешто досега покажала посветената работа во клубот и пожртвуваната игра на теренот, тоа е дека кога Вардар ќе го освои европскиот врв, тоа ќе биде затоа што заслужил. Затоа и кога ќе се случи да се соочи со пораз, тоа нека не биде затоа што бил поразен од некоја судиска одлука, од нечија задна намера и личен интерес. Дури и крвавите дуели и удари на теренот, не болат толку силно како неправдата која става сопка на вредната и чесна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top