| четврток, 6 декември 2018 |

Топлината на езерото и на луѓето во Дојран ве тераат повторно да се вратите

Се на­о­ѓа­ме на пр­ва­та стра­ни­ца од ед­на кни­га ко­ја ве­ру­вам де­ка за­ед­нич­ки пре­крас­но ќе ја на­пи­ше­ме. Пуб­ли­ка­та ќе има мож­ност да ви­ди умет­ност од си­те жа­нро­ви. Си­те вку­со­ви ќе би­дат за­до­во­ле­ни и се­чии се­ти­ла раз­бу­де­ни. До­јран е гра­дот ка­де што тре­ба да би­де­те го­ди­на­ва, ве­ли гра­до­на­чал­ни­кот Бор­че Ста­мов

Dojran-rep186-2На ме­сто­то на­ре­че­но „Под ја­во­ри­те“ во Стар До­јран, де­но­ви­ве офи­ци­јал­но поч­на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „До­јран – град на кул­ту­ра­та“, ко­ја оваа оп­шти­на во ју­го­и­сточ­на Ма­ке­до­ни­ја ќе ја но­си во те­кот на це­ла­та го­ди­на. Се упа­тив­ме на ју­гот на Ма­ке­до­ни­ја. До До­јран се стиг­ну­ва пре­ку два ма­ги­страл­ни па­ти­шта: пр­ви­от е пре­ку Ва­лан­до­во и се­ла­та Ра­бро­во, Со­бри, Ча­лак­ли, Де­де­ли, Фур­ка, Ѓоп­че­ли и Цр­ни­ча­ни, а вто­ри­от е пре­ку Ге­вге­ли­ја. Без раз­ли­ка по кој пат се па­ту­ва, важ­но е де­ка се стиг­ну­ва во еден ва­жен исто­ри­ски град, град кој пле­ни со сво­ја­та сми­ре­ност, ти­ши­на, уба­ви­на и со сво­ја­та ед­но­став­ност. Пред нас се по­ја­ви Пра­си­јас – не­ко­гаш­на­та на­сел­ба на Па­јон­ци­те, кои жи­ве­е­ле во на­кол­ни жи­ве­а­ли­шта на­ре­че­ни „те­ра ма­ре“ и уште то­гаш ло­ве­ле ри­ба на спе­ци­фи­чен на­чин. Име­то До­јран го но­сат три­те на­сел­би кои се раз­ме­сте­ни око­лу До­јран­ско­то Езе­ро: Стар До­јран, Нов До­јран и се­ло­то До­јран. Она што оста­ва нај­го­лем впе­ча­ток од овој град е тоа што вед­наш се на­се­ту­ва де­ка вре­ме­то оста­ви­ло мно­гу тра­ги од ми­на­то­то.

– На 100 ме­три ју­го­за­пад­но од де­неш­ни­от хо­тел „Ја­ка“ се на­о­ѓа­ат ур­на­ти­ни­те на единс­тве­на­та ба­ња во гра­дот До­јран поз­на­та ка­ко „Амам“ – тур­ски збор за ба­ња. Не се знае ко­га е из­гра­де­на, но се збо­ру­ва де­ка се­кој ден ра­бо­те­ла и тоа сè до 1916 го­ди­на ко­га би­ла раз­ур­на­та. Се знае де­ка се со­сто­е­ла од по­ве­ќе про­сто­рии од кои ед­ни би­ле за же­ни, а дру­ги за ма­жи, а во се­ко­ја про­сто­ри­ја има­ло и чеш­ми. Во­да­та до ба­ња­та би­ла но­се­на пре­ку ќе­ра­мид­ни це­вки од мес­но­ста Де­ре-Баш, ко­ја се на­о­ѓа два ки­ло­ме­три за­пад­но од До­јран. Во­да­та се за­гре­ва­ла со др­ва (ќу­мур) во ка­зан и тоа во по­себ­на про­сто­ри­ја, а по­тоа те­че­ла во чеш­ми­те од кои се ми­е­ле гра­ѓа­ни­те. Во ба­ња­та оде­ле гра­ѓа­ни од си­те на­ци­о­нал­но­сти, а нај­ин­те­рес­но е тоа што за ид­ни­те не­ве­сти има­ло по­себ­на це­ре­мо­ни­ја и оде­ле на по­себ­но мо­мин­ско ба­ња­ње, ни рас­ка­жаа ме­шта­ни­те.

Dojran-rep186-5

По­ра­ди спе­ци­фич­на­та ме­сто­по­лож­ба во те­кот на исто­ри­ја­та До­јран бил по­ве­ќе­па­ти раз­ур­ну­ван. Пос­лед­но­то ка­та­стро­фал­но раз­ур­ну­ва­ње се слу­чи­ло во те­кот на Пр­ва­та свет­ска вој­на, ко­га До­јран се на­о­ѓал на ли­ни­ја­та на Ма­ке­дон­ски­от фронт или по­поз­нат ка­ко Ју­жен или Со­лун­ски фронт. Всуш­ност, ед­на од нај­го­ле­ми­те би­тки на Ма­ке­дон­ски­от фронт би­ла би­тка­та за До­јран. Ка­ко ре­зул­тат на бор­би­те во­де­ни на те­ри­то­ри­ја­та на До­јран, гра­дот це­лос­но бил уни­штен, жи­те­ли­те се рас­е­ли­ле, а и де­не­ска по­том­ци на то­гаш­ни­те жи­те­ли мо­жат да се нај­дат и во со­сед­ни­те др­жа­ви Бу­га­ри­ја и Гр­ци­ја. Ка­ко нај­го­ле­ма во­е­на ра­на се сме­та уни­шту­ва­ње­то и пљач­ко­су­ва­ње­то на пре­крас­на­та цр­ква „Св. Про­рок Или­ја“. Ја по­се­тив­ме цр­ква­та ко­ја се на­о­ѓа на вле­зот на До­јран на пре­у­ба­ва ме­сто­по­лож­ба. Доз­нав­ме де­ка во­зоб­но­ву­ва­ње­то на цр­ква­та поч­на­ло пред не­кол­ку го­ди­ни, а се­га ве­ќе е во за­врш­на фа­за. Пла­ни­ра­но е на 100-го­диш­ни­на­та од неј­зи­но­то ури­ва­ње (во 1916 го­ди­на во те­кот на Пр­ва­та свет­ска вој­на), на 2 август 2016 од­но­во да би­де осве­те­на.

Dojran-rep186-3

След­на де­сти­на­ци­ја ни е бре­гот на езе­ро­то. Про­ше­тка­та ни го­де­ше и по­крај ве­те­рот што ги на­те­ра по­се­ти­те­ли­те и по­крај сон­че­во­то вре­ме да об­ле­чат топ­ла об­ле­ка. Во­да­та по­втор­но се вра­ќа во езе­ро­то, се ре­ви­та­ли­зи­ра­ат пла­жи­те, а ри­ба­ри­те се вра­ќа­ат во До­јран. Во ова нај­ма­ло езе­ро, но нај­бо­га­то со ри­ба, се­којд­нев­но се ло­ви сом, крап, ко­стреш, цр­ве­но­пер­ка. По­го­ле­ми­от дел од по­вр­ши­на­та на езе­ро­то е пре­кри­е­на со пти­ци кои не­у­мор­но ло­ват ри­би за да се пре­хра­нат са­ми­те, за да ги пре­хра­нат сво­и­те ма­леч­ки, но и за да им по­мог­нат во ри­бо­ло­вот на мно­гу­број­ни­те ри­бо­лов­ци. Овој тра­ди­ци­о­на­лен на­чин на ло­ве­ње ри­би со по­мош на пти­ци во огра­ди од тр­ски, т.н. ман­дри, се од­ви­ва са­мо во До­јран и на ни­ту ед­но дру­го ме­сто. При­ро­да­та ов­де е мно­гу да­реж­ли­ва. Топ­ла­та кли­ма овоз­мо­жу­ва изо­билс­тво на ме­ди­те­ран­ски рас­те­ни­ја во дво­ро­ви­те на до­јран­ча­ни. На се­кој че­кор ви­ре­ат ка­лин­ки, смо­кви, но срет­нав­ме и мас­лин­ки со из­во­нре­ден ква­ли­тет.

Dojran-rep186-6

По­крај езер­ски­от брег има мно­гу ре­сто­ра­ни кои ги под­го­тву­ва­ат ло­кал­ни­те спе­ци­ја­ли­те­ти. Ме­шта­ни­те ве­лат де­ка по­ра­но во гра­дот, уште за вре­ме на тур­ско­то вла­де­е­ње, има­ло око­лу 25 ка­фе­а­ни ло­ци­ра­ни на езер­ски­от брег. По­го­ле­ми­те ка­фе­а­ни има­ле и лет­ни бав­чи, со те­ра­си до езе­ро­то, а не­кои од те­ра­си­те би­ле и над езер­ска­та во­да. До­јран е поз­нат и по спе­ци­фич­ни­те спе­ци­ја­ли­те­ти, што е уба­ва на­ви­ка за за­чу­ву­ва­ње на род­но­крај­ни­от иден­ти­тет, на са­мо­бит­но­ста и на на­ци­о­нал­ни­от бе­лег. До­јран­ско­то ку­ли­нарс­тво од дам­ни­на до де­неш­ни де­но­ви прет­ста­ву­ва риз­ни­ца, бо­гат­ство од не­про­цен­ли­ва вред­ност ко­ја е инс­пи­ра­ци­ја за де­неш­ни­те до­ма­ќин­ки, умет­ност ко­ја тре­ба да се чу­ва и да се за­шти­ти, поч­ну­вај­ќи од на­да­ле­ку чу­е­ни­от до­јран­ски крап, риб­ја чор­ба, пле­ска­ви­ца од икра или ка­ко што ме­шта­ни­те ми­лу­ва­ат да ја ка­жат „лан­ги­да“, ри­ба та­ва, ри­ба на тр­ска, фри­га­на ри­ба и мно­гу дру­ги спе­ци­ја­ли­те­ти кои ги има во изо­билс­тво.

Dojran-rep186-7

Го­лем дел од овие спе­ци­ја­ли­те­ти ќе би­дат прет­ста­ве­ни на „Гур­ман­фест“, кој за­ед­но со ни­за кул­тур­ни актив­но­сти, те­а­тар­ски прет­ста­ви, ли­ков­ни из­лож­би, кни­жев­ни на­ста­ни, кон­цер­ти на кла­сич­на, за­бав­на и на на­род­на му­зи­ка и дру­ги кул­тур­ни на­ста­ни ќе би­де дел од про­гра­ма­та „До­јран – град на кул­ту­ра­та“.

– Се на­о­ѓа­ме на пр­ва­та стра­ни­ца од ед­на кни­га ко­ја ве­ру­вам де­ка за­ед­нич­ки пре­крас­но ќе ја на­пи­ше­ме. Пуб­ли­ка­та ќе има мож­ност да ви­ди умет­ност од си­те жа­нро­ви. Си­те вку­со­ви ќе би­дат за­до­во­ле­ни и се­чии се­ти­ла раз­бу­де­ни. До­јран е гра­дот ка­де што тре­ба да би­де­те го­ди­на­ва. Ќе се оби­де­ме со оваа ма­ни­фе­ста­ци­ја, впро­чем ка­ко и до­се­га, да из­гра­ди­ме кул­тур­ни мо­сто­ви, по­сто­ја­но и од­но­во, до­ка­жу­вај­ќи де­ка гри­жа­та за умет­нич­ки­те вред­но­сти е од го­ле­мо зна­че­ње ка­ко за До­јран, та­ка и за др­жа­ва­та, ни ре­че гра­до­на­чал­ни­кот на До­јран, Бор­че Ста­мов.

Dojran-rep186-4

Го на­пу­штив­ме До­јран, но со се­бе по­не­сов­ме дел од топ­ли­на­та на езе­ро­то и на лу­ѓе­то, а дла­бо­ко не­ка­де и уве­ру­ва­ње­то де­ка мо­ра да се вра­ти­ме ба­рем уште ед­наш.

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 186. број на неделникот „Република“, 25.03.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top