| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес почувствуван во Дојран

Пред неколку минути земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер го погоди Дојран.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 11 километри источно од Дојран и беше на длабочина од 5 километри.

Инаку, претходната недела имаше и два послаби земјотреси со јачина од 2.2 и 2,5 степени кои беа почувствувани во Скопје.

Во хрватски Сплит, пак, во саботата имаше еден посилен земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер и на длабочина од само 2 километри кој навистина ги исплаши граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top