Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Роби Кин, имаше операција на десното колено, откако доживеа повреда на натпреварот со Сан Хозе, а, според информациите, ќе мора да отсуствува од фудбалските терени од четири до шест седмици.
Сепак, и покрај паузата, се најавува дека 36-годишниот ветеран ќе биде во комбинација за настап во репрезентацијата на Република Ирска за Европското првенство кое ќе се одржи во Франција ова лето. Тој го носи дресот на Ирците од 1998 година, и досега одигра вкупно 143 натпревари, постигнувајќи и 67 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Mаленко го лажел Поп Ацев дека ќе настапи на Европското првенство во Глазгов
-
Грчкиот претседател имаше успешна операција на срцето
-
И со матурите се претера: Се оперираат уши, носеви, се корегираат гради…