Во Културно-информативниот центар во Скопје, во изложбениот салон Империјал 1, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од Викторија Ашаш, француско-британска сликарка.
Изложбата е во рамките на Франкофонската пролет, а ја организира Францускиот институт во Скопје и КИЦ. Изложбата ќе ја отвори неговата екселенција Лоранс Оер, амбасадор на Франција во Република Македонија. Викторија Ашаш од 2000 година реализирала 11 самостојни изложби (Лондон, Бат, Барселона ) и повеќе групни изложби во светот. На изложбата таа ќе се претстави со 20 дела, работени во техниката акварел, создадени последниве години.
Делата ќе може да се погледнат до крајот на април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.