| четврток, 6 декември 2018 |

Димче Николовски, режисер: Де­ца­та не­ко­гаш тре­ба и да се пла­шат

На 27 март, Свет­ски­от ден на те­а­та­рот, на сце­на­та на Драм­ски те­а­тар во Скоп­је се одигра пре­ми­е­ра­та на прет­ста­ва­та за де­ца „Сне­жа­на и се­дум­те џу­џи­ња“. Дра­ма­ти­за­ци­ја­та и адап­та­ци­ја­та се на Але­ксан­дра Бо­шков­ска, а ре­жи­ја­та е на би­тол­ча­не­цот Дим­че Ни­ко­лов­ски

На 27 март, Свет­ски­от ден на те­а­та­рот, на сце­на­та на Драм­ски те­а­тар во Скоп­је се одигра пре­ми­е­ра­та на прет­ста­ва­та за де­ца „Сне­жа­на и се­дум­те џу­џи­ња“. Дра­ма­ти­за­ци­ја­та и адап­та­ци­ја­та се на Але­ксан­дра Бо­шков­ска, а ре­жи­ја­та е на би­тол­ча­не­цот Дим­че Ни­ко­лов­ски.

Dimce Nikolovski 01 (Custom)

Во прет­ста­ва­та уло­га­та на Сне­жа­на ја тол­ку­ва мла­да­та Але­ксан­дра Пав­ло­ва, а во прет­ста­ва­та уште игра­ат и Тра­јан­ка Или­е­ва-Ве­лиќ, Зла­тко Ми­трев­ски, Але­ксан­дар Сте­па­ну­лев­ски, Ди­ми­три­ја До­ксев­ски, Мар­тин Мин­гов­ски, Дри­тон Веј­се­ли, Со­ња Стам­бол­џи­о­ска, Игор Ге­ор­ги­ев, Бла­ги­ца Ди­ми­тров­ска, Еми­ли­ја Ми­цев­ска, Бо­бан Але­ксов­ски, Дар­ко Ка­бе­ски и Ма­рио Илиќ.

По­пу­лар­ни­от ма­ке­дон­ски из­ве­ду­вач Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски ја на­пи­ша му­зи­ка­та за прет­ста­ва­та.

Пав­ло­ва (29) е ре­дов­но вра­бо­те­на во Драм­ски ка­де што игра во прет­ста­ви­те „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“, „Ар­хе­лос или Еври­пид се вра­ќа на Бал­ка­нот“, „Со­лун­ски па­тр­дии“, „Ка­вка­ски круг со кре­да“. Таа го тол­ку­ва глав­ни­от лик во прет­ста­ва­та, чи­ја­што пре­ми­е­ра е за­ка­жа­на за 27 март.

– Не се се­ќа­вам де­ка Сне­жа­на ми би­ла оми­ле­на бај­ка ко­га сум би­ла ма­ла. Си­гур­но ро­ди­те­ли­те мно­гу ми ја чи­та­ле, но не мо­жам да ка­жам де­ка таа ми би­ла оми­ле­на­та – ве­ли Пав­ло­ва.

Ка­ко и во при­каз­на­та, та­ка и во прет­ста­ва­та на Ни­ко­лов­ски, Сне­жа­на е оли­це­тво­ре­ние да до­бро­то.

– Таа е сли­ка на сѐ што е до­бро, фи­но, уба­во, ми­ло, неж­но и по­крај се­то зло што се слу­чу­ва. Сне­жа­на ни­што од тоа зло не ја до­пи­ра. Во прет­ста­ва­та таа ја пре­не­су­ва по­ра­ка­та де­ка на зло­то не тре­ба да се вра­ти со зло. Искре­на­та, чи­ста љу­бов ме­ѓу прин­цот и Сне­жа­на го по­бе­ду­ва се­кое зло, во слу­ча­јот Кра­ли­ца­та – сме­та Пав­ло­ва.

Aleksandra pavlova 03 (Custom)

Во прет­ста­ва­та таа ја пре­не­су­ва по­ра­ка­та де­ка на зло­то не тре­ба да се вра­ти со зло, вели Павлова

Ре­жи­се­рот Ни­ко­лов­ски нај­а­ву­ва де­ка оваа „Сне­жа­на и се­дум­те џу­џи­ња“ не е прет­ста­ва што е на­ме­не­та за најм­ла­ди­те.

Ни­ко­лов­ски те­а­тар­ска ре­жи­ја за­вр­шил во Со­фи­ја, Бу­га­ри­ја, а во Драм­ски прет­ход­но ја по­ста­ви „Оло­во на пер­ни­ца“, ра­бо­те­на по текст на Вен­ко Ан­до­нов­ски.

„Сне­жа­на“ отво­ра мно­гу ди­ле­ми во љу­бо­вта, смрт­та, до­бро­то, ло­шо­то, за­ви­ста, љу­бо­мо­ра­та… Ка­ква е Ва­ша­та Сне­жа­на?

НИКОЛОВСКИ: Си­те при­каз­ни ги отво­ра­ат тие пра­ша­ња. Во си­те при­каз­ни има нај­раз­лич­ни му­дро­сти до кои лес­но или те­шко се до­пи­ра. „Сне­жа­на“ е ста­ра гер­ман­ска при­каз­на, ко­ја бра­ќа­та Грин пр­ви ја за­пи­ша­ле. Нај­поз­на­та е по цр­та­ни­от филм на „Диз­ни“. Во на­ша­та при­каз­на за Сне­жа­на се оби­дов­ме да вмет­не­ме мал­ку по­ве­ќе со­др­жи­на за да би­дат мал­ку по­јас­ни при­чи­ни­те по­ра­ди кои се по­ја­ву­ва­ат си­те тие ли­ко­ви во при­каз­на­та, но и да се до­бие сли­ка што се слу­чу­ва во тој свет за да ре­зул­ти­ра со та­ков крај ка­ков што има.

Dimce Nikolovski 02 (Custom)

сме­там де­ка де­ца­та не­ко­гаш тре­ба и да се пла­шат. И тоа има еду­ка­тив­на цел – и за жи­во­тот и за те­а­та­рот, вели Николовски

Да­ли во оваа „Сне­жа­на и се­дум­те џу­џи­ња“ се вмет­на­ти но­ви, акту­ел­ни по­ра­ки со­од­вет­ни на де­неш­но­то вре­ме?

НИКОЛОВСКИ: Вмет­на­ти се но­ви по­ра­ки, но нив­на­та акту­ел­ност е по­ве­ќе низ приз­ма­та на еду­ка­ци­ја на де­ца­та во смис­ла на нај­ос­нов­но­то, што не би тре­ба­ло да се пра­ви или ка­ко би тре­ба­ло не­што да се пра­ви од ед­на стра­на и од дру­га стра­на, ге­не­рал­но, тоа е по­вр­за­но со те­а­тар. Зна­чи, ка­ко при­каз­на­та „Сне­жа­на и се­дум­те џу­џи­ња“ да им се рас­ка­же на те­а­тар­ски ја­зик, а тоа за нив да не е проб­лем. Од тие при­чи­ни, са­ма­та прет­ста­ва е дво­дел­на и по­сто­ја­но има по­ми­ну­ва­ње ме­ѓу тие де­ло­ви. Ед­ни­от дел е со мно­гу си­лен те­а­тар­ски ја­зик, а дру­ги­от дел е по­би­тов, по­ре­а­лен. Се­то тоа е по­ткре­пе­но со на­ра­тор за де­ца­та да не­ма­ат проб­лем да ги сле­дат тие за­ко­но­мер­но­сти, а на тој на­чин да поч­не­ме да ги обра­зу­ва­ме да гле­да­ат те­а­тар уште од ма­ли го­ди­ни.

Да­ли „Сне­жа­на“ е иде­ал­на­та при­каз­на со ко­ја мо­же да ги вне­се­ме де­ца­та во еден нов чу­де­сен свет, свет на те­а­та­рот?

НИКОЛОВСКИ: Ка­ко што ре­ков и прет­ход­но, си­те при­каз­ни се иде­ал­ни при­каз­ни за да се по­стиг­не ефект од таа глед­на точ­ка де­ца­та да се обра­зу­ва­ат уште од ма­ли. Збо­ру­ва­ме за го­ди­ни ко­га тие уште не­ма­ат пер­цеп­ци­ја за ре­ал­но­ста, а не, пак, за те­а­тар. Но, ако во тие го­ди­ни се поч­не да се ра­бо­ти на тоа по­ле, мис­лам де­ка ви­стин­ска­та љу­бов кон те­а­та­рот то­гаш е нај­сил­на и нај­ви­стин­ска, од­нос­но нај­до­бра.

Dimce Nikolovski i Aleksandra pavlova (Custom)

За ко­ја во­зраст е на­ме­не­та „Сне­жа­на и се­дум­те џу­џи­ња“?

НИКОЛОВСКИ: Не е на­ме­не­та за најм­ла­ди­те. Има не­кол­ку сце­ни што се мал­ку по­страш­ни за пом­ла­ди­те де­ца. За тие сце­ни по­ве­ќе се во­дев од тоа де­ка си­те де­ца ја зна­ат при­каз­на­та за Сне­жа­на, па не би тре­ба­ло да прет­ста­ву­ва проб­лем тоа што одре­де­на сце­на е по­страш­на или, пак, са­ма­та Кра­ли­ца е по­страш­на. Се на­де­вам де­ка ус­пе­ав во тоа и де­ка не­ма да им би­де прем­но­гу страш­но на де­ца­та. Но, од дру­га стра­на, пак, сме­там де­ка де­ца­та не­ко­гаш тре­ба и да се пла­шат. И тоа има еду­ка­тив­на цел – и за жи­во­тот и за те­а­та­рот.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top