
Јани Макрадули стана врвховен командат на АРМ.
Весникот „Вест“ во утрешниот број пишува дека, во согласност со законот, доколку претседателот, премиерот и претседателот на Собранието истовремено не се во државата, тогаш врховен командант на македонската армија и замена за претседателот станува еден од потпретседателите на Собранието. Токму таква е ситуацијата во моментов. Премиерот Груевски од Азербејџан замина за Јужна Америка, Вељаноски е во Кипар, а претседателот Иванов е во Канада. Тоа значи дека потпретседателите на Собранието, Јани Макрадули, Сузана Салиу и Светлана Јакимовска треба да ја водат државата додека врвот е отустен.
Интересно е што и Салиу е на патување во Германија, па сега Макрадули и Јакимовска мора да решат кој ќе ја води државата.
Целиот текст прочитајте го во последниот број на „Вест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


