Сме ја гледале во многубројни провокативни изданија, а на настапите секогаш е во сексапилни костими. Сепак, таа вели дека најпривлечно се чувствува во отпуштено издание.
Северина вели дека мајка ѝ Ана и Лепа Смоје секогаш ја советувале да биде женствена, но водејќи се од девизата дека тајната е во едноставноста.
-Не е работата во баналноста, уште помалку во вулгарноста. Во тоа нема ништо сексапилно. Најсексапилно се чувстувам во својата кожа и маицата на Игор – рекла Северина за магазинот „Есквајер“, чијашто насловна страница ја краси, со што стана прва жена од овие простори на која ѝ припадна таа чест.
Севе сосема отворено проговорила за својата работа, воспитувањето на синот Александар и за тоа по што се води во животот.
-Јас сум независна. Не ме интересираат врежани мислења, а едно од нив е дека на мажите им е полесно. Не давам мене да ми биде потешко- заклучила пејачката.
Кога е љубовта во прашање, исто така се држи до своите правила.
-Мојот мир нема правила- вели, меѓу другото, Севе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!