Топло и сончево време нè очекува викендов и цела наредна недела. Според информациите од Хидрометеоролошкиот завод, денес времето ќе биде облачно, со повремени сончеви периоди и со слаб јужен ветер, но со високи температури кои ќе достигнат до 24. степен.
Сабота ќе биде најтопол ден, времето ќе биде суво и сончево, а максималната температура ќе достигне до 27 степени. В недела се очекува намалување на температурите за 3-4 степени, но повторно топло и суво време.
“Цела наредна недела земјава ќе биде под влијание на топол бран. Времето ќе биде сончево, со вистински пролетни температури. Топли ќе бидат и утрата, односно нема да имаме драстична разлика меѓу утринските и дневните температури”, велат од Хидрометеоролошкиот завод .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.