Околу еден час се чека утрово на граничниот премин Богородица за излез од Македонија кон Грција. Патниците претежно од Македонија чекаат пола саат за пасошка контрола на македонската страна од преминот, а уште толку и на грчка страна. Според македонските погранични служби, уште од вчера попладне почнала навалица од патници кон Грција, а денеска до 10 часот државата ја напуштиле околу 10 илјади македонски државјани.
-Уште во 3 часот ставени се во функција сите пет излезни ленти и задржувања на пасошка контрола нема. Патниците поради големата гужва чекаат околу половина час. Според нашата евиденција, од вчера попладне границата ја поминале околу 12 илјади патници од кои најмногу македонски државјани или приближно 10 илјади. Ваква ситуација очекуваме и во недела попладне – изјавил Миле Тошев командир на полицијата на Граничниот премин Богородица за СДК.
Македонските граѓани како дестинација ги избрале најчесто хотелите и апартманите на првиот крак Касандра на Халкидики, каде ќе престојуваат до недела.
За разлика од Богородица, нема гужва на граничниот премин Дојран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.