| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на векот нѐ очекуваат многу високи температури

До крајот на 21. век се очекува просечните температури на светско ниво да пораснат за три до пет степени Целзиусови, што ги надминува досегашните проценки од два степена, предупреди Светската метеоролошка организација при Обединетите нации (ВМО).

– Концентрацијата на гасови со ефект на стаклена градина повторно е на највисоко ниво, а доколку тоа продолжи вака, може да дојде до покачување на температурите за три до пет степени Целзиусови до крајот на овој век… Ако ги исцрпиме сите познати извори на фосилни горива, температурата значително ќе се зголеми- нагласи генералниот секретар на ВМО, Петери Талас.

Повеќе држави во светот во 2015 година, на Париската климатска конференција се обврзаа на ограничување на порастот на температурите до два, а по можност и до 1,5 степени Целзиусови, за што е неопходно радикално помало користење фосилни горива, сметаат експертите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top